Куртоа: Симеоне го критикува Реал за да биде популарен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, смета дека неговиот поранешен тренер Диего Симеоне го критикува „кралскиот клуб“ за да биде популарен меѓу навивачите на Атлетико.

Симеоне доби многу критики, откако освојувачот на „Златната топка“, Лука Модриќ кажа дека постојано кажува лоши работи за „кралевите“. Реакцијата на хрватскиот репрезентативец дојде како реакција на изјавата на тренерот на Атлетико дека праведно би било да ја добие наградат Антоан Гризман.

Неодамна Симеоне кажа и дека Куртоа ја добил наградата за најдобар голман затоа што игра во Реал.

„Симеоне критикува за да биде популарен меѓу навивачите на Атлетико. Секогаш тоа го правеше, го напаѓа Реал, зашто е најдобар клуб во светот. Секое мислење треба да се почитува, но вакви работи се прават поради популарност“, вели Куртоа.