Каков малер: Бејл се повреди по 18 пати откако се пресели во Реал Мадрид!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид вчера со многу мака со 1-0 на домашен терен го совладаа Рајо Валјекано во мечот од 16. коло во шпанска Ла Лига.

„Кралевите“ по шокантниот пораз на „Сантијаго бернабеу“ од ЦСКА (0-3) вчера успеаа да се вратат на победите, но играта не ги воодушеви навивачите.

По заминувањето на Кристијано Роналдо се очекуваше Герет Бејл да ја преземе неговата лидерска улога, но тоа не се случи.

Репрезентативецот на Велс во Реал Мадрид стигна во 2013 година и никако не може да одигра барем 15 натпревари по ред без повреда.

Неверојатно звучи тоа што од доаѓањето во Реал Мадрид се повреди дури 18 пати, а пропушти повеќе од 60 натпревари.