Милан најде решение: Продава еден фудбалер за да го ангажира Фабрегас!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Финансискиот фер-плеј им направи проблеми на „росонерите“, па поради тоа Милан ќе се обиде да го продаде Хакан Чаланоглу, кој не се покажа најдобро.

Турчинот беше платен 22 милиони евра, па сега Милан ќе се обиде да врати дел од парите, а интерес има од неколку турски екипи.

Секако, не се исклучува можност и за враќање во Бундеслигата, а дел од парите Милан би ги потрошил за ангажирање на Цеск Фабрегас од Челси.

„Сините“ од Лондон бараат осум милиони евра за Шпанецот на шест месеци пред завршувањето на неговиот договор, а Милан нуди четири.

Од друга страна, желбата на Фабрегас е јасна, односно Шпанецот сака да се пресели во италијанската Серија А бидејќи не е задоволен со минутажата во Челси.