„Ми е гајле за титулите на Џошуа, Фјури е најдобар!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот британски боксер и шампион во велтер категорија, Рики Хитон, зборуваше за моменталната состојба во тешка категорија и ривалството меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

Хитон кажа дека и покрај титулите на Џошуа во три верзии, сепак предноста е на страната на Фјури.

„Многумина го гледаат Џошуа на самиот врв, а мислам дека тука ќе го гледаа дури и ако Фјури ја освоеше титулата во ВБЦ во мечот со Вајлдер. Лично, за мене Фјури е на врвот. Тој никогаш ги нема загубено своите титули во рингот, а имаше меч против Вајлдер, кој има неверојатни 39 нокаути од 40 победи“, кажа Хитон.

Хитон инаку во кариерата се бореше во велтер категорија, а имаше резултат од 45 победи и три порази, а сега работи како тренер и промотер.