Невозможно: Сите бегаат од Јунајтед, и Шпанецот одби да му биде „старател“ на Мурињо…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На ваквата ситуација, Мурињо одговраше со расправии и одбивање да соработува, сега се надева дека би можел да го мрдне преодниот рок од мртва точка. Но стигна „корпа“…

Во какви проблеми е Манчестер Јунајтед доволно говори и посакуваната мета на позицијата директор, Мончи кој ја одби понудата.

Нему не му цветаат рози во Рома, денес вечниот град осамна со графити против претседателот Палота, а Шпанецот е негов „ку…“, па се чини дека набрзо, во пакет со Ди Франческо би можел да заработи отказ.

Всушност, денес би можело тоа да се случи, ако Римјаните не слават против Џенова, или можеби следната сабота кога гостуваат кај шампионот Јувентус.

Но и покрај се, на Шпанецот не му паѓа на памет да се пресели на „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед бара спортски директор кој би соработувал со Мурињо, наместо Вудворд кој е финансиски магионичар, поточно маркетинг мајстор, но неговите способности со доведувањето играчи се проблематични.

Мурињо имаше проблеми со спортските директори во минатото и одбиваше соработка, но сега се надева дека некој би можел да го придобие на своја страна и да го натера клубот на поголеми вложувања.

По одбивањето на Мончи, фаворит за позицијата е Пол Мичел, кој работи во Лајпциг, а порано беше во спортскиот сектор на Тотенхем, Саутемптон и Милтон Кејнз Донс.