Ван Дајк: Зошто мислите дека нешто не „штима“, ако нема насмевка кај Салах?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Ливерпул малку се грижат кога Мохамед Салах головите ги прославува со малку тажен и безволен израз на лицето, но Вирџил ван Дајк порача дека „секогаш не може да се смее“.

Салах повторно се враќа во минатосезонската форма, и редовно постигнува погодоци, а неодамна беше човекот на одлука во победата против Наполи во битката за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Навивачите забележаа дека Салах често не ги доживува претерано тие погодоци, не се радува со некој постојан интензитет, но Ван Дајк смета дека нема простор за загрижување.

„Се смее, но не може да се насмее во секоја секунда. Мислам дека сепак ужива во сево ова, дека обожува да постигнува погодоци. Не треба да бараме негативни работи само затоа што Салах не се смее секогаш кога ќе постигне гол. Треба да се насочиме кон добрите работи“, истакна Ван Дајк.

Евидентно е дека Египќанецот е повторно оној стариот.

„Постигна хет трик во својот последен лигашки меч и повторно против Наполи постигнува важен погодок. Работи добро. Луѓето можат да кажат дека не постигнува толку погодоци како минатата година, но тоа е лудо. Понекогаш го потценуваат“.

Ван Дајк се смета за еден од најдобрите дефанзивци во Европа и како што се наведува за него интерес покажува Барселона:

„Сакам да постигнам толку добри работи. Имам многу соништа, но се надевам дека можам да дојдам до нив овде на „Енфилд“. Сите сакаме да ја освоиме лигата, сите сакаме да освојуваме трофеи, но знаете тоа не е лесно“, заклучи Холанѓанецот.