Што направи Роналдо? Алегри не ги гледа пеналите…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус синоќа покажа кој е сопственик на Торино, го добија дербито, а единствен стрелец на мечот беше Кристијано Роналдо, кој погодокот за победа на својот тим го постигна од белата точка.

„Не го видов пеналот, бев свртен. Ретко гледам пенали, да бидам искрен“, истакна Алегри по мечот.

„Морам сам да ги прашам играчите да се жртвуваат. Тоа не смееше да биде меч со многу погодоци. Кога Торино го спушти темпото, ние ја презедовме контролата над мечот. Факт е дека игравме подобро како што течеше дуелот, и тоа ја покаѓа нашата психичка моќ“.

Кристијано истакна дека е среќен што постигна гол и дека многу силно шутирал, па голманот не можел да одбрни.

Иако Роналдо е голем професионалец и своето тело го оддржува 100% подготвено, и тој ќе мора да одмори истакна Алегри.

„Роналдо е голем професионалец. Тој навистина внимава на деталите, но јас веќе му кажав дека ќе пропушти некои од лседните дуели. Тоа ќе биде против Рома, Аталанта и Сампдорија“, посочи Алегри.

Јувентус во новата сезона игра по планот. Многумина веруваат дека во Серија А направиле предност доволна за одбрана на титулата, а утре ќе дознаат и што ги чека на стартот на елиминационата фаза во Лигата на шампионите.