Ливерпул слави голем триумф: Шаќири го урна Манчестер јунајтед на „Енфилд“ (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул вечерва на „Енфилд“ во 17. коло од англиската Премиерлигата го урна Манчестер јунајтед со 3-1.

Ливерпул на самиот старт на мечот создаде неколку шанси кон голот на Давид Де Хеа, но Јунајтед го преживеа тојк притисок.

Сепак, следуваше потоа едно одлично додавање од Фабињо до Мане, кој ја погоди мрежата на Јунајтед за 1-0.

Сепак, Јунајтед се врати во игра по грешката на Алисон Бекер, која ја искористи Џеси Лингард за 1-1.

Во продолжение на мечот домаќините беа опасни, а Џердан Шаќири со два гола ги реши „црвените ѓаволи“.

Ливерпул е повторно лидер на табелата со 45 бодови, односно еден повеќе од Манчестер сити. Од друга страна, Јунајтед е на шеста позиција со дури 19 бодови помалку од денешниот ривал.