Подгответе се за спектакл: Познати се паровите за нокаут-фазата во ЛШ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наскоро ќе гледаме нови возбудувања во нокаут-фазата во Лигата на шампиони (ЛШ), односно натпреварите ќе се играат во февруари наредната година.

Во групната фаза имаше неколку спектакуларни натпревари, но вистинското шоу допрва почнува, а денеска беше одржана ждрепката за осминафиналето во ЛШ.

Пласман низ групната фаза обезбедија Барселона, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Порто, Манчестер сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Јувентус, Атлетико Мадрид, Тотнем, Ливерпул, Ајакс, Шалке, Рома, Лион и Манчестер јунајтед.

По ждрепката ги добивме осминафиналните парови во ЛШ, а тоа се: Шалке – Манчестер сити, Атлетико Мадрид – Јувентус, Манчестер јунајтед – ПСЖ, Тотнем – Борусија Дортмунд, Лион – Барселона, Рома – Порто, Ајакс – Реал Мадрид и Ливерпул – Баерн Минхен.