Алегри го има најмоќното оружје против „Јорганџиите“: Симеоне има голема причина за грижа и паника?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со ждрепката денес беше одредено дека Јувентус ќе се соочи со голем предизвик во осминафиналето од Лигата на шампионите бидејќи ќе мора да го елиминира Атлетико Мадид за да го продолжи походот во европското натпреварување.

Дуелот на италијанската школа и пристапот на Симеоне кон фудбалот не ветуваат многу голови, но она што сигурно ќе го видиме е безпоштедната битка во повеќе од 180 минути фудбал во Мадрид и Торино.

Посебно мотивиран ќе биде Атлетико бидејќи финалето од ЛШ се игра на нивниот стадион, но мора дополнително да се погрижи за повторно да не стане жртва на Кристијано Роналдо.

Имено, Португалецот во својата кариера 22 пати ја тресеше мрежата на „Јорганџиите“, само Гетафе и Севиља минале полошо од мадридскиот состав.

Причина повеќе за грижа на Симеоне е и стратегијата која ќе се состои од тоа неговата екипа да не прими погодок, особено не во првиот меч во Мадрид.