Ирвин со чуден коментар: Поволна ждрепка за Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот прославен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Денис Ирвин даде свое видување на ждрепката од Лигата на шампионите по која „ѓаволите“ за противник во осминафиналето
го доби тимот на ПСЖ.

Многумина веќе го прежалија Манчестер Јунајтед, но тоа не е случај со легендата на клубот Денис Ирвин.

„Со тимот кој тие го имаат во овој момент јасно е дека ќе биде доста интересна ждрепка за сите нас. Се уште има два месеци до натпреварот, тие се топ тим, но ние веќе сме играле со такви. Се надевам дека ќе се средиме за два месеци, сепак имаме големо искуство. Мислам дека ова е добра ждрепка за Јунајтед.“- коментираше Ирвин.