Трофеј Македонија – Браќата Стојановски ја уништија Белгија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарската репрезентација на Македонија го одигра вториот натпревар во Јане Сандански на турнирот Трофеј Македонија, овој пат против Белгија која ја совлада со 67:72

Подобро почнаа белгијците, имаа предност од 12:6, но македонските кошаркари израмнија и до крајот на првата четвртина направија пресврт, 17:23. Македонците одлично ја отворија втората четвртина, стигнаа до водство од 8 предност. Белгиските кошаркари стигнаа до 2 предност, но потоа нашите кошаркари ја покажаа силата и предноста само се зголемуваше. На полувреме се замина со 29:38. Третата четвртина македонските кошаркари само ја држеа предноста и во последните 10 минути се влезе со резултат 47:55. Белгиските кошаркари одлично ги почнаа последните 10 минути од натпреварот, стигнаа до пресврт, 61:59, но македонските кошаркари успеаа да направат повторно пресврт и да слават со 65:72.

Кај Белгија најефикасен Салуму со 14 поени. Македонската репрезентација беше предводена од браќата Стојановски, Војдан постигна 25 поени, а Дамјан 20 поени. Јанески додаде 14 поени, Костоски 9 поени, Крстевски 4 поени.