Тухел најде замена за Рабио: ПСЖ нуди 20 милиони евра за фудбалер од Премиерлигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Л`Екип“ пишува дека ПСЖ се вклучил во борбата за фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи, кој има договор со клубот од Лондон до крајот на сезоната.

Не е исклучена можноста Ремзи да замине и зимава од Арсенал, зашто ПСЖ сака да плати за него примамливи 20 милиони евра, а наводно „топчиите“ би се согласиле на таквата понуда.

Фудбалерот од Велс ќе добие договор на една ипол година, но не е позната неговата плата во клубот од Париз.

Ремзи сезонава одигра 16 натпревари во Премиерлигата, а притоа постигна еден гол и шест асистенции за Арсенал.