Белгазпромбанк куп – Вардар го наполни Сесон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Вардар во својот прв натпревар на Белгазпромбанк купот кој што се одржува во Брест ја запишаа првата победа против француски Сесон со 28:39.

Вардарци играа фантастично на овој натпревар. Направија серија од 3 погодоци и стигнаа до водство од 3:6. До крајот на полувреме Сесон успеа да намали на 15:17. Второто полувреме донесе брзо израмнување на Сесон. Потоа се менуваа со сериите двата клуба. Вардарци со серија од 7 погодоци влегоја во последните 10 минути со предност од 25:33. Натпреварот Вардарци го завршија со серија од 4 погодоци и победа од 28:39. Тимур Дибиров со 9 погодоци беше најефикасен кај Вардар.

Следниот натпревар на Вардар е утре против Висла Плок.