Дончиќ немоќен против Вестбрук, Оклахома му одржа лекција на Далас (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Далас на гостувањето во Оклахома запишаа убедлив пораз од 102-122, во меч во кој повторно доминираше Расел Вестбрук со трипл-дабл, свој десетти во сезоната.

Веќе по првата четвртина имаа домаќините предност од 32-21 и беше јасно дека Далас ќе се измачи до финишот. На полувремето Оклахома имаше предност од 60-43.

Дончиќ се обиде, заедно со соиграчите, да направи пресврт, но не успеа бидејќи Вестбрук беше фантастичен во редовите на Оклахома и постигна дури 32 поени.

Во редовите на Далас најдобар беше Барнс со 25 поени, а го следеше Лука Дончиќ со 17 поени за 23 минути поминати на теренот.

Останати резултати:

Шарлот – Орландо 125-100
Хјустон – Мемефис 113-101
Сан Антонио – Бостон 120-111
Њу Орлеанс – Минесота 123-114
Феникс – Голден Стејт 109-132