Новогодишен подарок: Харден испиша историја и влезе во друштво на Џордан и Брајант (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејмс Харден спектакуларно ја затвори 2018 година, но исто така ја продолжи својата неверојатна серија. Благодарение на победата на Хјустон против Мемфис од 113-101, Американецот урна рекорд на уште еден НБА-гигант.

Харден имаше на мечот 43 поени и 13 асистенции, па беше заслужен за 78 поени на својата екипа. Тоа му беше четврти меч по ред да постигне повеќе од 40 поени и така стана трет кошаркар во НБА во последните 30 години постигна л 400 поени во десет натпревари по ред. Останати двајца на кои им успеало тоа се Мајкл Џордан и Коби Брајант.

Ѕвездата на Хјустон постави НБА-рекорд за сите времиња, откако осми натпревар по ред имаше најмалку 35 поени и пет асистенции и го урна легендарниот Оскар Робертсон.