Надал призна: Не го бркам Ѓоковиќ и првото место на АТП-листата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал, кој неделава се натпреварува на турнирот во Бризбејн, вели дека не е заинтересиран за трка со Новак Ѓоковиќ за првото место.

Шпанецот полека се враќа на теренот по операцијата на зглобот, кој го имаше во ноември, а играше неодамна во Абу Даби, но подоцна се повлече.

„Моја цел е да бидам среќен во тоа што го правам и да бидам во натпреварувачка форма секоја недела. Сакам да се борам за работи за кои живеам и кои ме мотивираат. Па, така нема да ја бркам првата позиција на листата, тоа не е моја главна цел“, вели Надал.

Сепак, тенисерот вели дека мора да биде внимателе. Минатата година мораше да се повлече од два грен-слем турнири. Сепка, успеа по 11. пат да го освои трофејот на Ролан Гарос.