Најпосле најде мир: Кариус фатен со една од најубавите жени во светот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


За Лорис Кариус изминатата 2018. година нема да му остане во добри сеќавања. Иако со Ливерпул настапи во финалето на ЛШ, овој германски чувар на мрежата направи грешки токму во таа ноќ, па беше предмет на исмевање, а кратко потоа му беше покажана и излезната врата на Енфилд.

Кариус потоа мирот го пронајде во турскиот Бешикташ, а покажа дека е успешен на едно друго поле, неповрзано со фудбалот – љубовта. Со обзир дека паузата е во тек, Кариус одлучил да отпатува во Мајами и тоа заедно со Софија Томала, која е една од најубавите жени во светот. Токму и за таква ја профласи FHM магазинот во 2010. година.

Папараците ги фатиле нив двајца заедн на плажа како разменуваат нежности во хотелски базен, што доволно покажува дека голманот конечно се смирил после шпекулациите околу бурниот љубовен живот кој кружеа во изминатите два месеци.

Софија инаку е поранешна девојка на англиската рок ѕвезда Гавин Росдејл, со кој прекина на крајот од ноември, можеби баш и поради Кариус.