Анри за краток период носи две искусни имиња во Монако


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако стана јасно дека Цеск Фабрегас во следните денови ќе стане играч на Монако, нов играч на Монако ќе биде искусниот Налдо.

36 годишниот стопер кој цели 14 сезони игра во Бундеслигата, а досегашен негов клуб беше Шалке 04 ќе биде решението за одбраната на Монако во останатиот дел од сезоната.

Анри има големи проблеми со последниот ред пред голманот, па дупките ќе ги пополнува со третиот најдобар играч во Бундеслигата за минатата сезона.

Монако во моментов се наоѓа на претпоследното, 19. место на табелата во Лига 1, но со засилувањата како Фабрегас и Налдо со сигурност ќе го крене нивото на игра и ќе излезе од зоната во која е сега.