Солари за повредата на Бејл: Разберете, фудбалерите не се машини…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повредата која Герет Бејл ја заработи во мечот помеѓу Виљареал и Реал Мадрид, предизвика голема загриженост меѓу навивачите.

Велшанинот веќе на полувремето беше принуден да излезе од игра, а прегледи на кои беше изложен покажаа дека се работи за повреда на листот на левата нога поради што ќе мора да отсуствува неколку натпревари.

„Повредата која ја заработи Бејл не е од тешка природа. Ќе оди на детални тестирања, па ќе видиме. Се надевам дека наскоро повторно ќе биде на теренот. Важен играч е за нас“, истакна Солари, па потоа додаде:

„Најважно е играчите да одморат. Тие не се машини“.

Бејл и оваа сезона имаше ситни повреди и тоа веќе ги фрустрира навивачите на „кралскиот клуб“. Откако во престолнината на Шпанија пристигна во 2013. година, пропушти дури 65 натпревари поради разните повреди.