Федерер не можеше да издржи, па се расплака поради трагедија од 2002 година (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роџер Федерер знае често да заплаче на тениските терени, но Швајцарецот досега не сме го виделе во вакво издание.

Најдобриот швајцарски тенисер во интервју за Си-Ен-Ен зборуваше за тренерот, кој имаше големо влијание врз неговата кариера, но почина во трагедија на први август 2002 година.

Питер Картер настрада во Јужна Африка на меден месец, а Федерер во текот на интервјуто одговори едно прашање и почна да плаче.

„Почина една година пред да го освоиш првиот гренслем на Вимблдон. Што мислиш, на кој начин ќе размислуваше ако те видеше сега со 20 титули?“, праша новинарката.

Тоа прашање го расплака Федерер, па му требаа неколку моменти да собере сила и да одговори.

„Се надевам дека би бил горд. Претпоставувам дека не сакаше да станам пропаднат талент. Можеби неговата смрт ме натера да почнам со напорни тренинзи“, објасни Федерер.