Откако навивач на Сити се обиде да го „боцне“ легендарниот Карагер, доби одговор каков што не очекуваше…?! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По дербито помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул страстите на социјалните мрежи се уште не се смирени.

Сити го доби дербито со 2:1 и така остана во битка за титулата во Англија. Сепак, она што беше во центарот на вниманието е моментот, кога Џон Стонс ја одби топката од линијата, а на снимката подоцна се утврди дека недостасувале 1,1 сантиметар за тоа да биде гол.

„Граѓаните“ по мечот неколкупати го провоцираа Ливерпул со таа фотографија, а на крајот легендарниот Џејми Карагер беше принуден нешто да одговори. Еден од навивачите го коменираше неговиот статус во кој пишува дека „Црвените“ имаат одлична шанса да бидат шампиони, и порача дека тоа е менталитет на малите клубови.

Карагер го погоди овој коментар и одлучи да одговори со што ги израдува навивачите на Ливерпул. Тој им напиша на навивачите на Сити дека тие не се во состојба дури ниту да го наполнат својот стадион, секако алудирајќи на тоа дека има доста празни места на „Итхад“.