Тотнем го доби градското дерби, Челси погоди две стативи (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во првиот меч од полуфиналето во англискиот Лига куп, фудбалерите на Тотнем на „Вембли“ победија со 1-0 против Челси.

Двата тима тргаа со силни состави, па имавме шанса да видиме интересен меч, кој го реши Хари Кејн од пенал во 26. минута.

Челси беше доминантен во продолжение од средбата, но не успеа да стигне до израмнувачки погодок, иако двапати ја погодија стативата на Тотнем.

Реваншот помеѓу двата тима се игра на 24 јануари во Лондон на „Стемфорд бриџ“.