D`Alembert систем за обложување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Постојат многу системи за обложување и веруваме дека нема обложувач, кој барем еднаш не се обидел да проба да заработи од обложувалница преку некаков систем.

Основно што треба да знаете за системите е тоа дека не постои систем кој што ви гарантира сигурна добивка, туку може да ви помогне само при рационално трошење на средствата во обложувалница.

Како еден од најпознатите системи за обложување е D`Alambert системот.

Овој систем се игра со негативна прогресија, односно после секое промашување, влогот се зголемува. Предноста на овој систем е неговата едноставнот, бидејќи нема никакви комплицирани формули за пресметувањето на влогот, додека недостатокот е заеднички со сите системи кои користат негативна прогресија, тоа што во случај на низа промашувања, влогот може прилично да се зголеми.

За корситење на овој систем потребано е да одберете натпревар со коефициент од најмалку 2  и да имате малку поголема банка, бидејќи како што кажавме влогот знае да достигне голема цифра.

Со овој систем, секој пат кога ќе промашите го засилувате влогот, а кога ќе добиете го намалувате. За да имаме успешна низа потребно е да имаме погодок повеќе од 50%.

Пред почетокот потребно е внимателно да го одберете вашиот почетен влог. На пример,  за почетен влог ќе земеме вредност од 5€. Во случај на погодок, влогот го намалуваме за основната единица, односно во овој случај не го намалуваме. Во случај на промашување, го зголемуваме влогот за една единица односно нашата вредност на единицата е 5€, па така следниот влог ќе биде 10€. Погледнете го примерот.

Почетна единица: 5€

  1. Влог: 5€ – Промашување – Нов влог: 5 + 5 = 10
  2. Влог: 10€ – Промашување – Нов влог: 10 + 5 = 15
  3. Влог: 15€ – Промашување – Нов влог: 15 + 5 = 20
  4. Влог: 20€ – Погодување – Нов влог: 20 – 5 = 15
  5. Влог: 15€ – Погодување – Нов влог: 15 – 5 = 10
  6. Влог 10€ – Промашување – Нов влог: 10 + 5 = 15
  7. Влог 15€ – Погодување – Нов влог: 15 – 5 = 10
  8. Влог 10€ – Погодување – Нов влог: 10 – 5 = 5
  9. Влог 5€ – Погодување – Низата е завршена

Овој систем се карактеризира како многу добар за искусните типстери, кои сакаат малку повеќе ризик, како и да „заработат“ повеќе пари, бидејќи секој завршеток на низата ви нуди добивка.

Доколку сте добар и искусен обложувач, задолжително испробајте го овој систем!

За повеќе системи за обложување посетете го сајтот Кладење.Мк