Крос поради повреда ќе паузира еден месец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот фудбалер Тони Крос кој игра за Реал Мадрид приморан е одредено време да помине надвор од теренот.

Изминатите седмици на мечот против Реал Сосиедат тој се здоби со повреда на мускулите и му се придружи на Бејл, Асенсио и Диаз на кои Солари не може да смета, а сега е објавено и колку ќе мора да паузира.

Имено, деталниот лекраски преглед покажал дека поради повредата тој ќе мора да паузира месец дена, а ова ќе биде навистина голем хендикеп за тимот.

Крос ќе го пропушти претстојниот меч со Бетис, натпреварот со Севиља, Еспањол и Алавес во Примера, а останува да видиме дали ќе биде спремен за градското дерби со Атлетико на 10ти февруари.

Оваа сезона Крос за Реал Мадрид одигра 23 натпревари и постигна еден гол и три асистенции.