Крена раце и Флорентино Перез: Иско е отпишан од Реал, освен ако…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изгледа дека нема решение, Иско не му е по вкус на Солари, безволен е на тренинзите, како што посочува некогашниот играч и директор на клубот, одбрал да глуми жртва.

И против Леганес остана на клупата, доби шанса во последните дваесеттина минути, но е јасно, ако остане Солари, Иско ќе мора да замине.

Тој ќе го чека јуни, не му се брза, иако од пристигнувањето на Аргентинецот на клупата стартувал на 2 од 16 натпревари.

Не беше на клупата ниту на дебито против Мелил, како ниту против Рома, против Селта, Рајо Валекано и не доби ниту минута.

Исто така, го пропушти и триумфот и титулата во светскиот клупски шампионат, кога добива шанса како да не сака, влегува во расправии со навивачите, како одвај да чека да го напушти клубот.

Основниот проблем е што Солари не му верува на Иско, не смета дека е толку важен, од друга страна Иско тоа го чувствува како навреда, па не се труди да го увери тренерот во спротивното. Тој е и разочаран со смената на Лопетеги кој околу него ја оформи играта на Шпанија, а истото го сакаше во Мадрид.

Иднината не е добра бидејќи и самиот Перез се откажува полека од овој фудбалер, го гледа како карта за доведување на Азар, или евентуално замена за Дибала.

Цената на Иско е околу 100 милиони евра, секако, ако не игра цела пролет, малкумина ќе се одлучат тоа да го платат. Се споменува Сити кој би го срушил клупскиот рекорд, но постои и информација дека Иско не сака да замине, тој верува дека Солари наскоро ќе стане минато, односно дека нема да го преживее летото во клубот.

Како и да е, додека е Аргентинецот на клупата, фантастичниот фудбалер ќе биде во втор план, не се очекува ниту викендов да биде во ростерот за мечот кој на Реал му претстои против Бетис.