Арнаутовиќ сака трансфер во Кина, од Вест Хем излегоа со официјално соопштение


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Братот на Марко Арнаутовиќ, Даниел, кој е и негов агент утрово истакна дека швајцарскиот репрезентативец сака да си замине од Вест Хем и кариерата да ја продолжи во Кина каде ќе заработува далеку повеќе отколку во Лондон.

Утрово и тренерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини негираше дека Арнаутовиќ ќе се пресели во Кина, а сега со официјално соопштение излегоа и од таборот на „Чеканите“ со кое му одговорија на Даниел Арнаутовиќ.

Во краткото соопштение во кое се вели дека е насочено кон Даниел Арнаутовиќ се вели:

„Марко Арнаутовиќ има договор со нас и ние веруваме дека ќе го испочитува истиот. Тој не е на продажба“- гласеше во краткото соопштение од Вест Хем.