Мареј се расплака пред новинарите: Дојде крајот, не можам да ја издржам болката (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Британскиот тенисер Енди Мареј имаше емотивна прес-конференција за медиумите и објави дека најверојатно ќе се пензионира по завршувањето на Австралијан Опен.

Поранешниот шампион на Вимблдон се расплака пред новинарите, откако кажа дека има здравствени проблеми, кои го спречуваат да продолжи со  професионалната кариера.

„Не се чувствувам добро. Се мачам некое време. Не сум сигурен дека можам да издржам уште четири или пет месеци поради болките кои ги имам“, откри Мареј.

Мареј кажа дека планот бил да се прости од навивачите во Лондон, меѓутоа не е сигурен дека може да биде до тогаш активен.

„Би сакал да ја завршам кариерата на Вимблдон, но мислам дека нема да бидам во состојба тоа да го направам“, објасни Британецот.