Се огласи Мурињо: Бенфика не е опција за мене, би се вратил во еден од следните два клуба…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалскиот стратег, Жозе Мурињо нема намера да се врати во Бенфика, но признава дека би му била голема чест повторно да ги предводи Реал Мадрид или Интер.

Мурињо моментално е слободен откако минатиот месец заработи отказ во Манчестер Јунајтед, па веќе почнаа шпекулациите дека би можел повторно да седне на клупата на Интер, каде беше од 2008. до 2010. и потоа замина во Реал до 2013. година.

„Немам намера да се враќам во Португалија, Бенфика не е опција за мене. Враќање би било голема чест, но се уште не сум зборувал за тоа. Кога тренер или играч се враќа во клубот, тоа значи дека направил нешто позитивно. Така се чувствував кога вторпат го презедов Челси“, истакна Мурињо за телевизијата Кореиро да Маха.

Мурињо, сепак, истакна дека сака да се одмори и да почека вистинска понуда.

„Имам време да се критикувам сам себе и да анализирам на мира се што беше изминатите неколку години. Ќе се подготвувам за нова фаза во кариерата“, заклучи Мурињо.

Тој освои две тиутли во Европа со Порто и Интер, а беше и шампион во сите држави во кои работеше, Португалија (Порто – двапати), Англија (Челси трипати), Италија (Интер – двапати) и Шпанија (Реал еднаш).