Ванда е актуелна: Многу фудбалери ја посакуваат сопругата на Икарди!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аргентинката привлекува големо внимание на Апенините.

Сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара, стана навистина позната во светот на фудбалот, но не само поради врската со фудбалерот на Интер.

Таа е и негов правен застапник и тоа прилично добар бидејќи веќе еднаш успеа да му обезбеди одличен договор со Нероазурите.

Сега сака повеќе за својата фамилија, а дека одлично плива во менаџерските води потврдуваат и сознанијата на Тутоспорт кои тврдат дека таа добила неколку понуди да застапува уште двајца фудбалери на Интер, но и еден на Рома.

Нивниот идентитет не е откриен, единствено се знае дека фудбалерот од редовите на Волците е напаѓач. но Ванда ја одбила таа понуда бидејќи сака да се фокусира на своето семејство.

Изгледа дека аргентинката не е само убаво лице, но и многу повеќе…