Луд Чемпионшип, Лампард го прекинал тренингот, полицијата во потрага по шпионот

0

Тренингот на Овните беше прекинат, Франк Лампард го запрел тренингот на играчите на својот Дерби, откако забележал вознемирувачка гледка, човек со двоглед покрај комбе.

Сомнителните околности ги забележале и некои од вработените во клубот, а во комбето подоцна е пронајдена облека за пресоблекување.

Полицијата која била алармирана за случката ја пребарала целата област, но сомнителниот човек избегал.

Постојат две верзии, онаа страшната е дека е во прашање фудбалска шпионажа, нешто поврзано со тероризам.

Другата е пак дека „Локо“ Бијелс пред вечерашниот меч меѓу својот Лидс со Дерби сакал да знае што му спрема Лампард.

Advertisements
loading...
Share.