Најекстремен свиок  во Ф1: Ајртон Сена претставен во бронзена статуа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот возач Ајртон Сена доби бронзена статуа од 160 кг во природна величина, притоа покажувајќи го низ еден од најстрашните свиоци во Ф1.

Уметникот Пол Оз избра позиција на Сена и познат цитат, кој го кажа Ајртон во 1993 година.

По повеќе од 12 месеци работа со фотографии и 3Д модели за да се зголеми прецизноста, сега се довршени скулптурите.

Една ќе биде сместена во Институтот Ајртон Сена, а втората во технолошкиот центар на Мекларен, заедно со автомобилот од Ф1, со кој Сена освои три светски титули.

Конечната цена на статуата се става на продажба со цена од 199.000 фунти. А, за достава надвор од Англија ќе требаат дополнителни 1.000 фунти.