Салихамиџиќ откри: Баерн ќе се обиде да ѝ „украде“ засилување на Барселона!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ откри за германски „Билд“ дека му е интересен францускиот фудбалер Адриен Рабио.

Од францускиот клуб објавија дека Рабио одбил да го продолжи договорот со ПСЖ, а од тогаш одигра само еден меч за тимот.

Салихамиџиќ откри дека постојано го следи трансфер пазарот и Рабио е многу интересен фудбалер за него.

„Знаете каков е трансфер маркетот. Мора да ги држиме очите отворени постојано, само тоа мора да го правиме. Рабио е интересен фудбалер“, кажа Салихамиџиќ.

За 23-годишниот фудбалер е заинтересирана и Барселона, но досега не се договорија двете страни.