Македонија на крилата на Борко и Кире ја растури репрезентацијата на Јапонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија на одличен начин ја започна авантурата на Мундијалот во Германија и Данска со убедлива победа против Јапонија од 29:38.

Нашата репрезентација одигра одличен натпревар, посебно во фазата на напад каде имавме успешност на реализација од над 60%. Она што малку треба да загрижува е одбраната која и покрај неверојатните 20 интервенции на Борко Ристовски прими 29 голови од репрезентација како Јапонија.

Затоа напаѓачата линија одигра за чиста десетка па предводена од Кире Лазаров кој постигна осум погодоци ги донесе првите бодови на овој шампионат.

Натпреварот со седум погодоци го завршиja Дејан Манасков и Столе Стоилов, а на четири застанаа Кузмановски и Пешевски.

Следи ден пауза за репрезентацијата на Македонија, а потоа и натпреварот против Бахреин во кој исто така ќе влеземе како големи фаворити.