Официјално: Фабрегас си замина од Челси (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што се најавуваше претходните денови, Сеск Фабрегас го напушти Челси и официјално потпиша за Монако, каде што ќе остане во наредните три ипол години.

Фабрегас по четири ипол години го напушти Челси и се сели кај познаникот Тјери Анри во Монако, со цел да му помогне да го спаси тимот од испаѓање од француската Лига 1.

Не се откриени повеќе детали од договорот на Шпанецот, но сигурно добил богата понуда, а ќе има и поголема минутажа, нешто што немаше на „Стемфорд бриџ“ во претходниот период.