Данска против Франција за злато!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Љубителите на ракометот имаа причина за задоволство после полуфиналните дуели, после што стана јасно дека за златото ќе се борат Франција и Данска.

Французите во првото полуфинале ја победиај Германија со 29:28 иако на пет минути пред крајот имаа четири гола предност.

Германците израмнија, а голот за одлука го постигна најдобриот актер на дуелот Нарсис кој постигна седум голови. На Нарсис помогнаа браќата Карабатиќ по четири голови.

Во второто полуфинале, Данска после продолженија ја победија Полска со 29:28. Данците побегнаа на 29:27 и тоа беше доволно да се стигне до финале. Полјаците да потсетиме дека во четвртифиналето го победија еден од главните фаворити за освојувањето на медал, селекцијата на Хрватска.