Дончиќ со фантастична партија донесе триумф за Далас, Голден Стејт го прегази Чикаго!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа во НБА-лигата беа одиграни девет натпревари, а беа и забележани неколку Олстар резултат, па така Голден Стејт го нокаутираше Чикаго Булс со 146-109.

Големата тројка на Вориорс повторно беше одлична, па така Клеј Томсон постигна 30, Стеф Кари 28, а Кевин Дурант 22 поени.

Од друга страна, Далас Маверикс триумфираа на гостувањето кај Минесота Тимбервулвс со 119-115 по драматична завршница.

Уште еден одличен натпревар одигра Лука Дончиќ во редовите на Далас и така погоди решавачка тројка со која на 24 секунди до крајот го однесе неговиот тим на 117-115.

Дончиќ беше најефикасен со 29 поени, 12 асистенции и осум скокови, па така стана најмлад кошаркар од Леброн Џејмс со најмалку 25 поени и 10 асистенции во еден НБА-натпревар.

Останати резултати:

Филаделфија – Атланта 121-123
Вашингтон – Милвоки 113-106
Њујорк – Индијана 106-121
Торонто – Бруклин 122-105
Хјустон – Кливленд 141-113
Јута – Лос Анџелес Лејкерс 113-95