Гатузо добива нов фудбалер: Милан пазарува на „Олд Трафорд“!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан досега го ангажираше само Лукас Пакета од Фламенго во јануари, но јасно е дека им се потребни уште неколку нови фудбалери.

Белгиските медиуми пишуваат дека „росонерите“ до крајот на месецот ќе се обидат да го ангажираат фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини.

Белгиецот летоска беше голема желба на управата, но во меѓувреме потпиша нов договор со „црвените ѓаволи“.

Сепак, Жозе Мурињо го напушти „Олд Трафрод“, а новиот тренер Оле Гунар Солскјер не му верува премногу на искусниот Белгиец.

Милан би можел да ја искористи целата ситуација и конечно да го ангажира Фелаини, кој привлече интерес и од Порто и Гвангжу.