Кари продолжува со доминацијата – стигна до нов рекорд!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голден Стејт Вориорс го декласираа Чикаго Булс со 146-109, а еден од најзаслужните за триумфот беше Стеф Кари.

Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата постигна 28 поени, а со својата трета тројка во третата четвртина стана трет најдобар кошаркар за постигнување тројки во историјата.

Кари на вечната листа го премина Џејсон Тери, а на крајот стигна до 2.285 погодени удари за три поени во кариерата.

Пред него на листата се две легенди, Реџи Милер со 2.560 тројки и Реј Ален со невероајтни 2.973 тројки.