Неверојатно: „АС“ посочува дека Тотенхем за Кејн бара астрономски 350 милиони, како би се преселил на „Бернабеу“

Откако го продаде Кристијано Роналдо во Јувентус за 115 милиони евра и сфати дека нема ниту приближно соодветна замена за Португалецот, Реал во зимскиот преоден рок сакаше да го реши прашањето за напаѓач.

Европскиот шампион летово го донесе Диаза за 20 милиони евра. Панамецот се покажа како тешко промашување, а по повредата на Герет Бејл остана на Бензема како единствена напаѓачка опција, Иако замина на лето, Роналдо остана најдобар стрелец на Реал во 2018. година и во Мадрид сакаа да се обидат да ја спасат пропаднатата сезона.

Како што пишува шпански АС,еден од челниците на Реал пред Божиќ го контактирал клубот околу купувањето на Хари Кејн. Англискиот репрезентативец е долгогодишна желба на Реал. Се зборуваше дека Реал би го донел следното лето, но очајните резултати ги принудија Мадриѓаните порано да реагираат.

Но, Тотенхем порача дека за Кејн бара 350 милиони евра, што ги шокираше претставниците на Реал, особено бидејќи Спарси и Реал се во одлични односи. Тотенхем на Реал му ги продаде Модриќ и Бејл, па се надеваа дека можат да се договорат и околу Кејн.

Тоа ќе биде многу тешко, бидејќи на искусниот и цврст преговарач, Даниел Леви никаде не му се брза. Спарси наскоро ќе се преселат на новиот стадион и сакаат да го задржат Кејн, а имаат и доволно време да преговараат за цената.