Откриена дилемата: Еве колку заработи Челси за трансферот на Фабрегас во Монако?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера и официјално е обелоденето, Цеск Фабрегад потпиша договор со Монако на три и пол години и ќе му помогне на својот пријател, тренерот на Кнежевите, Тиери Анри, да се избори за опстанок и покрај големите проблеми кои ги доживеа екипата оваа сезона.

Фабрегас пред преминувањето во Монако имаше уште околу шест месеци договор со „Плавите“, па се поставува прашањето дали и колку Челси заработи на неговото заминување.

Како што пренесуваат француските медиуми, „Плавите“ на име на трансферот не добиле ништо, но иднина би можеле да заработат.

Му излегле во пресрет на шпанскиот фудбалер и го пуштиле да замине без обештета, но со Монако се договориле за одредени бонуси, па во зависност од партиите на Цеск и успехотр на Монако би можеле да заработат нешто пари, не е точно прецизирано колку.