Вест Хем го шокираше Арсенал и дефинитивно го откажа од трката за титулата (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Вест Хем со минимални 1:0 славеше на својот стадион против тимот на Арсенал.

„Чеканите“ до победа стигнаа со погодокот на Деклан Рајс на самиот старт на второто полувреме. Интересно е што асистент на голот беше поранешниот играч на Арсенал, Самир Насри.

Со оваа победа Вест Хем се искачи на осмата позиција на табелата во Премиер лигата, додека Арсенал останува петти со 41 бод. Евентуална победа на Манчестер Јунајтед на утрешниот натпревар со Тотенхем ќе значи дека „ѓаволите“ ќе се израмнат со бројот на бодови со конкурентот од Лондон.