Грифин се врати на фантастичен начин и го урна Клиперс! (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Детроит го изненадија Лос Анџелес Клиперс и триумфираа со 109-104, па така ја прекинаа серијата од четири порази.

Детроит има 18 порази и 23 победи и се деветти на Истокот, додека Клиперс имаат 24-18 и се наоѓаат на седмото место на Западот.

Гостите од Мичиген ги предводеше поранешниот кошаркар на Клиперс, Блејк Грифин, кој постигна 44 поени, осум скокови, пет асистенции и три украдени топки.