Арсенал го совлада Борнмут во последниот натпревар од ФА Купот


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Екипата на Арсенал е последниот патник во петтото коло од ФА Купот откако денеска со 2:1 славеше на гостувањето кај Борнмут.

Избраниците на Микел Артета беа далеку подобар противник на „Вајталити“ посебно во првиот дел од натпреварот кога ги постигнаа и двата погодоци преку Сака и Вилок.

Борнмут успеа да се врати во игра со гол во самиот финиш на натпреварот кој го постигна Сем Стариџ, но немаа сили да направат чудо и да се изборат за нов, возвратен натпревар.