Готово е: Манчестер Јунајтед и официјално го обезбеди потписот на Игало


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и официјално го обезбеди потписот на искусниот напаѓач од редовите на Шангај, Одион Игало.

30 годишниот фудбалер пристигнува на „Олд Трафорд“ на шестмесечна позајмица, а Манчестер Јунајтед ќе има право целосно да го откупи неговиот договор во јуни.

Интересно е тоа што Игало нема да минува медицински прегледи и веднаш ќе му се приклучи на тимот.

Инаку „Скај Спортс“ пренесе дека фудбалерот имал понуди и од Интер и Тотенхем, но ги одбил затоа што сакал да игра за Манчестер Јунајтед, клуб за кој навивал од мал.