Лингард си заминува од Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок и се сели во шпански гигант?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Како што пренесува „ЕСПН“, Џеси Лингард би можел да си замине од редовите на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.

Ако тоа се случи и Лингард за прв пат перманентно го напушти Манчестер, прв тим кој ќе тргне по неговите услуги ќе биде шпанскиот гигант Атлетико Мадрид.

Оваа информација помина со доста шеги на социјалните мрежи со оглед на фактот што Лингард е играчот на кој најмногу се фаќа сеир поради неговата катастрофална статистика.

Освен Атлетико Мадрид уште од сега за Лингард се распрашува и екипата на Рома.