Одличен натпревар на „Стемфорд Бриџ“: Челси не ја искористи предноста и ремизираше со Арсенал (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Екипите на Челси и Арсенал одиграа интересен натпревар во лондонското дерби одиграно на „Стемфорд Бриџ“.

Челси беше фаворит на средбата, а нивниот коефициент се намали и со исклучувањето на Давид Луиз кој направи пенал кој подоцна беше реализиран од Жоржињо.

Арсенал и покрај резултатската и играчката негатива не се откажа, па стигна до израмнување преку Мартинели кој погоди во второто полувреме, во 63. минута.

Потоа следуваше возбудлив финиш во кој за само три минути беа постигнати два гола на двете страни. Најпрво Цезар Аспиликуета во 4. минута донесе водство за Челси од 2:1, а во 87. минута резултатот го израмни Хектор Белерин.