Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Во македонската втора лига се одиграа сите пет натпревари.
Лидерот на табелата, Академија Пандев славеше во дерби натпреварот против Скопје со 2:0. Сашко Пандев уште во третата минута му донесе водство на домашниот тим. Јани Атанасов во вториот дел ги постави конечните 2:0.
Единствената победа од гостинските екипи ја запиша Новаци кој со 0:2 го совлада Вардар Неготино. Ерсен Сали со два погодоци му донесе нови три бода на Новаци.
Љубанци на домашен терен го совлада Тетекс со 2:0. Погодоците беа видени во второто полувреме, а беа дела на Игор Лазарев и Симеон Симонов.
Нови три бода запиша и Еуромилк кој го совлада Велазерими со 2:1. Симеон Христов и Андриан Чаволи беа стрелци за Еуромилк.
Металург со високи 3:1 го совлада Хоризонт Турново. Благоја Наумоски во првото полувреме му донесе водство на Металург. Наумче Бакрачески на стартот на второто полувреме го зголеми водството на скопскиот клуб. Дарко Додев во 80-та минута ги постави конечните 3:1. Единствен стрелец за Турново беше Давид Атанаскоски во 55-та минута.