Академија Пандев и Новаци ништо не ги запира, Биљали во второто полувреме го тероризира Металург


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Се одиграа сите пет натпревари во втората македонска лига.

    Лидерот на табелата Академија Пандев славеше против Хоризонт Турново. Поранешниот фудбалер на Турново, Сашко Пандев од белата точка беше единствениот стрелец на натпреварот.

    Новаци на стадионот во Новаци славеше со 2:0 против Љубанци. Домашните после пет минути имаа водство после погодокот на Никола Калевски. Степановски од слободен удар на стартот на второто полувреме ги постави конечните 2:0.

    Скопје минимално славеше против Вардар Неготино. Дарио Десниќ беше човекот на одлука.

    Лутви Биљали во второто полувреме со хет-трик му донесе победа на Велазерими против Металург. Четвртиот погодок за Велазерими го постигна Ардит Зеќири за конечни 4:0.

    Натпреварот Тетекс – Еуромилк започна нешто подоцна од останатите. Голманот на Тетекс е најзаслужен за победата бидејќи одбрани пенал во првото полувреме. Текстилците на крајот славеа минимално со 1:0.