Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се одигра и последниот натпревар од 19-то коло во втората македонска фудбалска лига.
Академија Пандев убедливо го победи Металург со 4:1.
Јани Атанасов и Зоран Балдовалиев во првото полувреме погодија во мрежата на Металург. Зоран Балдовалиев на почетокот на второто полувреме го постигна вториот погодок на денешниот натпревар. Кирче Крстевски намали на 3:1, а Сашко Пандев ги постави конечните 4:1.
Пандевци ќе останат лидери на табелата во ВМФЛ, а Металург Скопје на шестата позиција.